Александар Мишов е еден од играчите кои ја одбележаа пролетната полусезона во Македонскиот фудбалски шампионат. Напаѓачот од Кавадарци со своите голови го спаси тимот на Борец од испаѓање, и сега се врти полека кон она што го очекува летово.
А тоа секако е промена на фудбалската средина, затоа што понуди не недостасуваат за младиот напаѓач.
Спортмедиа ексклузивно дознава дека Мишов е на пат да замине во шампионатот на Бугарија од каде што има отворени понуди од екипите на Локомотив Пловдив, но и од Локомотив Софија. Според нашите информации главен збор во трансферот на Мишов во Бугарија води Ванчо Трајанов, долгогодишниот Македонски интернационалец во оваа земја, и поранешен Македонски репрезентативец.
Шампионатот кај нашиот источен сосед сеуште е во тек, а по завршувањето на истиот ќе се комплетира и трансферот на нашиот поранешен младински репрезентативец. Ќе почекаме да видиме во кој клуб дефинитивно ќе биде тоа.