Поранешен голман на Барселона, Малага и младата репрезентација на Шпанија, Франсеск Арнау почина ненадејно денес на 46-годишна возраст.
Арнау беше член на Барселона од 1995 до 2001 година. Тој одигра 119 натпревари за нејзиниот Б-тим и 32 натпревари за првиот тим. Остави голема трага од 2001 до 2011 година во Малага, за која бранеше на 131 натпревар, а запиша и 15 натпревари за шпанските репрезентации до 21 година и до 23 години.
Со репрезентацијата до 21 година го освои Европското првенство во 1998 година и беше прогласен за играч на турнирот.