Фото: Тwitter
Екипата на ПАОК е освојувач на Купот на Грција откако вечерва на „Спирос Луис“ стадионот во Атина успеа да го совлада големиот ривал Олимпијакос со 2:1. Резултатот го отвори Виериња со гол од пенал во 35 минута, а Јаник М’Вила во 50. минута изедначи.
Мрежите мируваа се до 90-тата минута кога чешкиот напаѓач Михаел Крменчик погоди и ја донесе победата за ПАОК и трофејот.
Ова е седми трофеј од Купот за ПАОК, а прв по 2019 година. Тоа е и утеха за неосвоениот шампионат на Грција. Како потсетување завршија на второто место оваа сезона. Шампион на Грција стана Олимпијакос.