По цели шест години пауза, Карим Бензема се врати во репрезентацијата на Франција. Селекторот Дидие Дешамп сметаше дека сепак Франција е поважна од неговото мислење за асот на Реал Мадрид, дека тој и е потребен на репрезентацијата и затоа и го повика. А Бензема беше во “аут“ поради аферата со својот соиграч Валбуена поради наводна снимка со малолетна личност. Сега на дело ќе го имаме тандемот Мбапе – Бензем. А каде се Гризман, Жиру и останатите мега – ѕвезди во нападот на “триколорите“.
Колку овој потег на Дешамп наиде на одобрување на јавноста во Францијам говори следниот податок. Имено само што Дешамп објави дека и Бензема и е на списокот на ЕУРО, продажбата на дресовите на репрезентацијата на Франција пораснала неверојатни 2400 отсто.