Работнички “раскина“ со Прелчец!

1706

 

Никола Прелчец не е веќе фудбалер на Работнички. Хрватскиот интернациналец по само шест месеци престој во клубот од Градски парк не е веќе дел од тимот на стратегот Александар Влахо. Да потсетиме дека Прелчец во Работнички дојде зимоска од Борец, и тоа како едно од најголемите засилувања во минатиот преоден рок. Сепак тој не ја искористи шансата која му беше пружена, Марио Станкковски и Фахрудин Ѓурѓевиќ блескаа пролетва и за него немаше место во нападот на Работнички, освен во првите неколку кола кога беше во составот.

Инаку по нашите медиуми се шпекулира со тоа дека Фисник Зука, на кого заврши договорот со “романтичарите“ ќе се врати на Чаир, во тимот на Шкупи.

ПретходноКога го вееше македонското знаме: Пред 11 години Пандев стана европски првак со Интер (ВИДЕО)
СледноВардар на рехабилитација со Бутел, Металург може најмногу да „ќари“