Веќе извесно време се шпекулира дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Јувентус, а и дека Старата дама нема ништо против да дојде до разделба. Ова посебно ако се знае дека Јуве сеуште нема обезбедено пласман во ЛШ за следната сезона. А ако не игра тогаш Роналдо секако дека ќе си замине.
Се споменува враќање во Реал Мадрид, Спортинг Лисабон, потоа се споменуваше и ПСЖ. Сепак потегот на Манчестер Јунајтед, клубот за кој Роналдо играше од 2003 до 2009 просто го воодушевил Португалецот.
Шанските медиуми информираат дека Јунајтед веќе контактирале со Роналдо и му посочиле дека за него вратите секогаш се отворени. Дека клубот нема да прави никаков притисок, и дека тој може кога сака одново да го облече дресот на “ѓаволите“. Исто така се напоменува дека Роналдо веќе имал разговори со тренерот Оле Гунар Солскјер.