Вардар во „потера“ по проверена шпанска магија на клупата

4035

Тренерското место во Вардар 1961 е главна тема во изминатиот период. Како се приближува крајот на сезоната, така во јавноста се вртат неколку комбинации за оваа позиција.

Пред скоро време за СПОРТМЕДИА, Стевче Алушовски изјави дека нема да биде тренер на двократниот освојувач на европската титула. Во јавноста беше пласирано името на Веселин Вујовиќ како прв кандидат. На големо, но без конкретна потврда од двете страни беше најавуван неговиот кам-бек.

Но, по дербито во Битола, ситуацијата почна да се менува. Вујо, миленикот на фановите на овој клуб, се чини не е миленик и кај играчите.

Додека неивесноста и натаму трае, СПОРТМЕДИА дојде до нова информација. Неофицијално, раководството на Вардар 1961 стапило во контакт со Роберто Гарсија Парондо.

Шпанецот кој му донесе втората титула на македонскиот тим во Лигата на шампионите во 2019 година се најде меѓу фаворитите за тренерското место. Главна пречка во реализација на оваа соработка е селекторската обврска на Парондо кон Египет со кого има договор.

Сепак приказната не е завршена, нејзиниот крај наскоро ќе биде познат.

Првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски најави дека работите во клубот ќе станат појасни по мечот во Битола, поточно на почетокот на следната недела.

Она што треба да се додаде е дека нема биде изненадување доколку Алушовски остане на клупата, ако се прашуваат играчите, тој е на вистинското место, Вардар ја нема силата од пред две години, па реалната слика е токму оваа.

ФОТО: РК ВАРДАР

ПретходноМијатовиќ му порача на Азар: Да не заборави дека го плаќа Реал
СледноПродажбата на дресовите на Франција пораснала за 2400 отсто по враќањето на Бензема!