Т.Пролет одигра одличен натпревар против Е.Пелистер, пружи достоен отпор, но не успеа да приреди сензација и притоа да направи уште еден џиновски чекор кон зацврстување на третото место на табелата во плеј-офот.
По поразот на домашен терен (21-25) избраниците на Кастратовиќ останаа на 18 бода, еден повеќе од Металург. Битолчани пак сега имаат еднаков скор со Вардар (10 победи и еден пораз), но за титула им е потребен кикс на „црвено-црните“ до крајот, што е тешко за очекување.
Јосип Периќ со девет гола беше лидер кај победникот каде пет гола имаше Мирко Радовиќ. На другата страна Пејовиќ имаше пет погодоци.
Ракометарите на Т.Пролет дури имаа и минимално водство (8-7 и 10-9), по првите 30. минути, сепак битолчани имаа позитива од два гола (12-14). По одморот, домаќинот притисна повеќе, беше на негатива од еден гол (18-19). На спортивната страна момците на Жељко Бабиќ со три гола во низа успеаја да воспостават ред во играта (18-21).
На крајот Е.Пелистер успеа да запише триумф од 21-25.