Зидан: Мојата иднина во Реал? Во наредните денови ќе разговараме за тоа

321

Реал Мадрид не успеа да стигне до титулата во Шпанија. Атлетико Мадрид победи во трката, Реал остана втор и не успеа во последното коло да го претрка ривалот. Зинедин Зидан направи што можеше, но се чини дека оваа сезона Реал не беше како што треба. Многу осцилации, многу лесно загубени поени против послаби екипи што допринесоа до тоа да се загуби титулата.

Играчите одигра одлична сезона. Направија се што можеа. Сега следува мала пауза, па ќе видиме што понатаму. Во наредните денови ќе зборуваме со луѓето од клубот. Ќе видиме што ќе се случи. Тие ќе одлучат за мене, како и се што ќе треба да се смени во работата на клубот за наредната сезона“, изјави Зидан.

ПретходноМилосављев и Фуксе Берлин среде Манхајм заверија финале
СледноСловенецот одново фантастичен: Далас и Дончиќ ги шокираа Клиперси (ВИДЕО)