На денешен ден пред точно 11 години, Горан Пандев стана европски првак со Интер, со тогашниот ГРАНДЕ ИНТЕР, кој во таа сезона 2009/2010 ја освои триплетата, а Македонецот беше еден од клучните играчи во ѕвездениот состав на Мурињо.
Вечерта на 22 мај 2010 година на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, со головите на Милито, Интер и Пандев го победија Баерн Минхен со 2:0 во финалето во Лигата на Шампионите.
Нормално, потоа следуваше големата радост на Пандев, со македонското знаме, и неговите соиграчи.
Ете, минаа 11 години а Пандев сеуште игра во страшна форма за Џенова и за својата Македонија.