Македонија вечерва против Израел: Без калкулации, сакаме нова победа

254

По лесната и убедлива победа над Кипар, вечерва од 20 часот во спортската сала „парк“ во Струмица, македонската одбојкарска репрезентација ја очекува вториот меч од првата фаза на Европската Сребрена Лига. Вториот предизвик за момците на селекторот Матијашевиќ ќе биде искусната селекција на Израел, која вчера имаше исцрпувачки меч во стартното коло против Данска, во кој иако двапати водеше, на крајот загуби со 3:2.

Техничарот на нашата селекција, Ѓорѓи Ѓорѓиев, пред денешниот дуел со Израел вели дека не очекува еден навистина возбудлив меч.

„Очекувам малку подобра игра , затоа што играме против поквалитетен ривал. Се надевам на победа. Ние нема да калкулираме, ќе одиме на победа на секој меч. Ако успееме да направиме три победи на овој турнир и да одиме во Данска на нови три, секако тоа ќе биде одлично за самодовербата пред Ф4 турнирот“, вели Ѓорѓиев.

Со селекцијата на израел досега имаме два меча во Европската лига и тоа од 2015 година, кога двапати успеавме да ги добиеме со по 3:0. Во воведот на 2. коло во нашата група, денеска од 17 часот играат Данска и Кипар.

фото: CEV.eu

ПретходноПандев: После ЕП ќе одлучам дали ќе играм уште!
СледноБитка за Ла Лига: Атлетико (М) сам решава за тронот, Реал се „моли“ во Ваљадолид на Роналдо