Селекцијата на Македонија ќе се бори за третото место на 18. фудбалски турнир „Трофеј Белград 2021“ што се одржува на Ада Циганлија. Селекцијата на Македонија го отвори турнирот со победа над селекцијата на Сараево со 1:0 со гол на Горазд Ристовски. Потоа тие се соочија со селекцијата на Војводина и изгубија со 1:2.
Па така нашите фудбалери не се најдоа на завршницата. Таму ќе играат селекцијата на Војводина и селекцијата на Белград, додека Македонија ќе игра против селекцијата на Софија за третото место.