Од 24 до 30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во самбо (комбат, спорт и жени) за јуниори и сениори.
Нашата селекција ке учествува со 5 натпреварувачи. Во сениорска конкуренција ќе учествуват Бобан Данов во спорт самбо во категорија +98 кг. и Маја Бобан во категорија 72 кг. Тренер на екипата ќе биде Ердал Факиќ.
Во јуниорска конкуренција ќе не преставуваат Омар Факиќ во категорија +87 кг, Бернард Реџиќ во категорија 78 кг. и Алберт Реџиќ во категорија 72 кг. Тренер на екипата е Славчо Тодоров.
Истот така во рамките на првенството ќе се одржи и меѓународен семинар за судии на кој ќе учествува Славчо Тодоров, кој ќе полага за меѓународен судија.