Бруно Акраповиќ, некогашниот тренер на Шкендија, најверојатно е изборот за нов шеф на стручниот штаб на најголемиот бугарски клуб, Левски Софија.
Босанскиот стратег во 2016 со Шкендија го освои Купот на Македонија, играше и во плеј-офот во Лигата на Европа, за да потоа се пресели во Бугарија. Прво успешно работеше во Локо Пловдив, освои и два пехари во Националниот Куп, за да потоа се пресели во ЦСКА Софија, но таму издржа само неколку месеци минатата есен.
Сега се чини, после “армејците“, на ред е вториот бугарски гигант, “синиот“ Левски Софија.
Пред неколку месеци неговото име се врзуваше и со Динамо Загреб.