Луис Суарез постигна гол кој се покажа како победнички за Атлетико над Ваљадолид со 2:1 но и шампионски, затоа што оваа победа на „јорганџиите“ им ја донесе 11-тата титула во историјата на Ла Лига.
Барселона го пушти Суарез кој доби покана од Атлетико, а сега со нив ја прославува титулата. Ова беше емоционален момент за уругвајскиот напаѓач.
„Барса не ме ценеше. Атлетико ги отвори вратите за мене. Затоа вечно ќе им бидам благодарен што веруваа во мене, што ме донесоа во своите редови. Атлетико ми даде шанса да потврдам дека се уште можам да играм на врвно ниво“, изјави Суарез.
Look what it means to Luis Suarez 😢❤️
(via @LaLigaEN)pic.twitter.com/KgAI0B9GmL
— ESPN FC (@ESPNFC) May 22, 2021
Luis Suárez overwhelmed with emotions at full time. This league title means so much to him.
(🎥 – @Route1futbol).pic.twitter.com/FeBqhjDgnW
— Warriors of Uruguay (@UruguayHeroes) May 22, 2021