Разочарувачки. Само така може да се каже за дизајнот на новите дресови на Барселона за наредната сезона во Лигата на Шампионите. Спортскиот гигант “Најк“ подготви специјален дрес, и тоа за само неколку мечеви во ЛШ за следната сезона, но според она што го пренесува “Мундо Депортиво“, истиот наиде на жестока реакција на фановите на каталонската гордост.
Интересно е тоа што го критикуваат “Најк“ и велат дека нивниот клуб од година во година има се полоши и полоши дресови. Можеби и затоа продажбата е значително намалена.
ФОТО: Мундо Депортиво