Ристовска и ЦСКА Москва со шампионскиот трофеј во Русија

129

Македонската ракометна интернационалка и репрезентативка Сара Ристовска е освојувач на шампионскиот пехар на Русија со својот тим ЦСКА Москва.

Ристовска во моментов е повредена, и не учевствуваше во поразот на ЦСКА од Ростов на Дон 29:26 на вториот меч кој немаше значење затоа што беше задржана предноста од седум гола од првиот натпревар.

Па така, Ристовска го освои првиот пехар сезонава, а ќе видиме дали тоа ќе се случи и на Фајнал борот во Будимпешта кој се игра на 29 и 30 мај.

 

ПретходноИнтер со „петарда“ ја потврди титулата против Удинезе (ВИДЕО)
СледноСити знае како да се збогува со Агуеро