Трагедија на прославата на титулата на Атлетико, загина млад навивач!

432

Крвава прослава синоќа на улиците на Мадрид. Имено откако Атлетико Мадрид и официјално стана шампиона во Ла Лига, голем број фанови на овој клуб искочија на улиците на главниот град да прослават. И кога има неконтролирана радост, се случуваат и трагедии.

Тинејџер кој имал само 14 години, ја извадил главата од прозорецот на комбето во кое се возел, при што удрил во ѕид. Страшно.

Лекарите се обиделе да го спасат, но сепак морале да констатираат смрт. Инаку момчето било во комбе со своите браќа и роднини.

Вистинска трагедија.

„Атлетико Мадрид се чувствува скршен по вестите за смртта на младиот навивач на Атлетико. Ја испраќаме својата љубов до неговото семејство. Почивај во мир“, порачаа од клубот.

Инаку, „јорганџиите“ дојдоа до 11. титулата во клупската историја, до која стигнаа заслужено, во текот на целата сезона беа најдобриот тим и најдолго го држеа првото место.

ПретходноПо хаосот во Белград: Сето ова е ѓубре и мора жестоко да се казни
СледноСабит Билали од Шкупи се сели во Шкендија!