Адеми и Стефан со семејствата ја прославија титулата на Динамо Загреб (ФОТО)

2888

Аријан Адеми и Стефан Ристовски, едни од нашите најдобри репрезентативци, синоќа и официјално станаа шампиони на Хрватска. По завршувањето на мечот со Шибеник, инаку од каде што е и самиот Аријан, капитенот на Динамо Загреб го прими шампионскиот пехар. Следуваше прослава на новата титула, на новиот трофеј кој е вкупно 19 во кариерата на Адеми во дресот на Динамо. Да кажеме дека ова за Стефан Ристовски е прв шампионски со Динамо, инаку втор во Хрватска. Тој пред неколку години беше и првак со Ријека.

И како што доликува на така големи ѕвезди, Аријан и Стефан заедно со своите најблиски направија фото со шампионскиот пехар.

ПретходноСловенецот одново фантастичен: Далас и Дончиќ ги шокираа Клиперси (ВИДЕО)
СледноПо хаосот во Белград: Сето ова е ѓубре и мора жестоко да се казни