Ангел Петрушев победник на 52. ИКАС

264

Македонскиот кајакар Ангел Петрушев е победник на 52. традиционален меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021, кој викендов се одржа на Матка.

Нашиот натпреварувач стигна до првото место, пред Марко Ѓорѓевиќ од Србија, и третопласираниот Лоранд Ѓоши од Италија.

Огнен Бразански беше петтопласиран, додека Стефан Рибарски заврши на шестото место.

Кај жените Зелјана Цингелиќ од Србија заврши на првото место, пред Олгица Мелова од Македонија.

ПретходноМанчестер Сити го крена шампионскиот пехар по седмипат (ФОТO)
СледноЛудница и хаос во Бања Лука: Георгиев и Борац и официјално шампиони во БиХ! (ВИДЕО)