Варди го купува популарното „Чиквеченто“ од серијата „The Inbetweeners“

390

Напаѓачот на Лестер Џејми Варди вози Бентли Континентал, но возниот парк сака да го збогати со уште едно возило. Англискиот фудбалер ќе наддава на аукција да го купи популарното жолто возило со црвена врата од популарната британска комедија „The Inbetweeners“ која се емитуваше од 2008 до 2011 година.

Аукцијата е во Бристол, а на онлајн досега достигна цена од 5,500 фунти. Близок до Варди за „Тhe Sun“ вели дека Варди е решен, по секоја цена да го добие ова култно возило кое ја одбележа телевизиската серија. Се работи за возило „Фиат чиквеченто“.

„Тој им кажал на соиграчите дека го сака возилото во својата колекција“.

ПретходноСимеоне во историјата на Атлетико: се нареди до легендите Замора и Херера
СледноУбаво „скоцкано“ видео – Гранде Пандев во „клубот 100“ во Серија А (видео)