Гвардиола: Ако некогаш работам како тренер во Италија, ќе го земам Баџо за асистент

201

Пеп Гвардиола, шпанскиот тренер на Манчестер Сити зборуваше за Роберто Баџо во врска со најновиот документарец посветен на некогашниот италијански голгетер.

Да играше уште и да го земев во Манчестер Сити тој ќе постигнуваше по 50 голови секоја сезона. Роби е феномен, тој може подеднакво добро и со една здрава нога“, вели Гвардиола кој на шега продолжи.

Кога ќе имам 72 години и ќе дојдам да работам како тренер во Италија ќе го побарам Роберто Баџо за мој асистент. Се сеќавам Јохан Кројф го фалеше Баџо. Тој (тогашен тренер во Барселона) сакаше да го види во техничка лига како Ла Лига и се прашуваше дали може да се адаптира на шпанскиот фудбал. Баџо може да игра насекаде, меѓутоа беше тешко да се убеди да ја напушти Серија А. Тогаш најдобрите фудбалери играа во Италија, секој сакаше да игра таму. Јас ја напуштив Барселона и играв во Бреша. Игравме заедно со Баџо. Тоа беа незаборавни мигови“, изјави Гвардиола.

ПретходноФерстапен е победник во Монте Карло
СледноИнтер со „петарда“ ја потврди титулата против Удинезе (ВИДЕО)