Очигледно е дека Шкупи не се шегува. По Фисник Зука, раководството на вицепрвакот го договори и Томе Китановски, десниот бек на Македонија ЃП и повремен репрезентативец. Јасно е дека Китановски ќе биде екстра засилување во тимот на стратегот Гоце Седлоски. Искусниот дефанзивец може да игра квалитетно на повеќе позиции во тимот.
Инаку Китановски (29) на Чаир доаѓа од Ѓорче, а претходно играше за Кукс, Сабаил, Славен Белупо, Истра, Вождовац, Универзитатеа Крајова, Пелистер.
Се очекува и официјална промоција на Томе Китановски во дресот на Шкупи.