Интер стана првиот клуб со 3000 одиграни натпревари во Серија А!

229

Новиот италијански шампион Интер освен што денеска го прославува „Скудетото“ одбележува уште еден голем рекорд кој ќе биде запишан во историјата на италијанскиот фудбал. Интер против Удинезе го впиша 3000 одигран натпревар во Серија А од нејзините почетоци во сезоната 1929/30. „Нероаѕурите“ се првиот клуб кој стигнал до оваа бројка.

А ефектот им е: 1495 победи, 834 нерешени и 670 порази! Ќе видиме како ќе поминат на јубилејниот против Удинезе (водат со 1:0 по 20 минути).

ПретходноСлавенички ден за Интер – илјадници навивачи пред и на „Џузепе Меаца“ 🎥
СледноМакедонија четврта на „Трофеј Белград 2021“