Кошмар: Преку 20 лица загинале на ултрамаратон во Кина, меѓу нив и двоен шампион! 🎥

761

Во северозападната кинеска провинција Гансу се одржал 100 километарски планински ултрамаратон кој завршил трагично. Во текот на вчерашниот дел кога тркачите поминале 20-30 километри и стигнале до месност наречена Камена гора по течението на реката Хуанхо (Жолта река) ги зафатило бура, проследена со град, леден дожд и силен ветар. Условите се влошиле, температурата на воздухот нагло се спуштила блиску до нула степени целзиусови.

Дури 172 учесници се изгубиле и трката била веднаш прекината. Организаторите реагирале до спасувачките служби и медицинските служби веднаш да ги евакуираат маратонците. Првите 24 километри од патеката можеле да се поминат со џипови, а понатаму со хеликоптер. Локалните власти испратиле околу 700 спасувачи.

Според локалните медиуми, до утринава се пронајдени 152 спортисти, од кои осум ранети и за жал дури 21 загинати. Се уште трае потрага по останатите. Меѓу загинатите е и Лијан Цзин, кој поставил два кинески рекорди во ултрамаратон.

ПретходноОдбојкарите со „рецептот“ на ракометарите против Данска
СледноЕдно е сигурно: Во следната сезона ќе имаме најмалку три Ел Класика!