Лудница и хаос во Бања Лука: Георгиев и Борац и официјално шампиони во БиХ! (ВИДЕО)

1265

Готово е, готово е. Борац Бања Лука, за кого настапува нашиот интернационалец Бобан Георгиев, и официјално е шампион во БиХ. Попладнево во претпоследното коло во тамошната Премиерлига, Борац со 2:0 ја победи Тузла Сити и на коло пред крајот ја задржа предноста од 4 бода во однос на Сараево.

Па така по последниот свиреж на судијата, се случи хаос, лудница на стадионот во Бања Лука. Навивачите влегоа на теренот и заедно со своите миленици ја прославија титулата.

Следуваше прослава и по улиците на Бања Лука.

Интересно е тоа што трибините на стадионот во Бања Лука речиси да крцкаа од фанови на Борац.

Ковид-19? Ма какви, поважна е титулата.

Кога сме кај Бобан Георгиев, тој беше на клупата на денешниот меч, а во сезоната, на коло пред крајот, одигра само 13 натпревари во првенството.

ПретходноАнгел Петрушев победник на 52. ИКАС
СледноНа денешниот тренинг: “Лозари“ побараа Прва лига од играчите на Тиквеш!