Притисокот во редовите на МЗТ Скопје и Куманово од минута во минута расте, победникот од оваа средба ќе ја продолжи трката за титулата, поразениот ја завршува сезоната.
Пред крајот на првото полувреме Александар Андрејевиќ покажа дека неговите нерви се тенки. Во битка со Дамјан Стојановски за „мртва“ топка, го нокаутираше капитенот на МЗТ Скопје. На момент настана мешаница, но секако сите сакаа што побрзо да се реши овој инцидент.
На крајот исклучувачка заработи Андрејевиќ, но и Николов и Мекиќ кои вртчаа на теренот, техничка грешка имаше и за клупата на МЗТ Скопје.
Дуелот продолжи без никаков проблем, се игра третата четвртина.