МЗТ Скопје од пропаст до полуфинале, Куманово има за што да жали (ФОТО)

392

По голема драма беше решена „мајсторката“ меѓу МЗТ Скопје и Куманово, на крајот во полуфиналето одат аеродромци, кои славеа со 94-93 по дополнителни пет минути. Кошаркарите на МЗТ Скопје си закажаа полуфинална пресметка со Пелистер.

Јунакот кај победникот е Олуџоби, во продолжението беше незапирлив. Мечот го го заврши со 32 поени и 8 скока. Зад него беше Гравет со 21 поен и 10 скока. На другата страна Црниќ имаше 24 поени.

Ова беше дуел кој мина со мал инцидент и три исклучувања. Андрејевиќ пред крајот на првото полувреме во битка за „мртва топка“ до Дамјан Стојановски го нокаутираше капитенот на МЗТ Скопје. Тој и Николов и Мекиќ (поради влегување во теренот) заработија исклучувачка грешка. Скопскиот состав остана и без Карачиќ кој се повреди. На другата страна кај гостите поради пет лични рано го заврши мечот Глигоријевиќ.

Куманово одржуваше некоја минимална предност, по првата четвртина беше 15-19, додека на полувреме (39-41). Не се промени ништи ниту по одморот, гостите беа во минимална позитива, која пак беше далеку од доволна за мирен финиш.

МЗТ Скопје притискаше, згора на се, остана без Магдевски кој направи пет лични грешки. Црниќ беше „убиецот“ на противникот, заедно со Ливингстон и Џекиќ со серија од 10-0 го доближија Куманово до финалето, 69-79 беше на три минути до крајот.

Ова не беше доволно за гостите, МЗТ Скопје ја стопи негативата на 79-81 на неполна минута до крајот. Избраниците на Радуловиќ создадоа паника во редовите на противникот, кој не искористи три напади по двоцифреното водство. Олуџоби со две слободни фрлања израмни на 81-81 на 12 секунди до крајот, мечот отиде во продолжение.

МЗТ Скопје тука се покажа како постабилен и подобар, на крајот дојде до посакуваната победа за место во полуфиналето благодарение на одличниот Олуџоби. Куманово има за што да жали, беше пред портите на полуфиналето.

ПретходноКрсте „стрелаше“ во триумфот на Сараево (ВИДЕО)
СледноЛудница пред „Сан Сиро“: Интер ја прославуваше титулата (ФОТО+ВИДЕО)