Може ли Куманово повторно да го освои „Јане Сандански“?

264

„Мајсторка“ ќе го даде името на последниот патник во полуфиналето на плеј-офот. Куманово го врати ударот и не му дозволи на МЗТ Скопје експресно да го реши четвртфиналето, па денеска (17:30 часот) овие два тима немаат право на грешка, победникот оди на мегдан со Пелистер.

Кошаркарите на Куманово имаа долга црна серија кога станува збор за мечевите во Скопје, но на крајот на регуларниот дел истата ја прекинаа, што значи дека победувањето во тврдината на МЗТ Скопје не е непознато за нив.

Избраниците на Дарко Радуловиќ зад себе го имаат Куп-трофејот, кој нема да значи ништо доколку не дојдат до финалната битка за круната на сезоната – пехарот во домашниот шампионат. Имаат подобар состав од противникот, но тоа ќе мора да го покажат на дело против мотивираните кумановци.

Претходно во полуфиналето место обезбедија Пелистер, Работнички и Еуроникел, откако ескпресно со 2-0 го решија четвртфиналето.

ПретходноСити се простува од Агуеро, ќе му подигне и споменик!
СледноПоследна битка за титулата во Франција, трка за ЛШ во Премиер и Серија А