Наполи без Елмас се лузерите во Серија А, Јуве и Милан одат во ЛШ (ВИДЕО)

366

Екипите на Милан и Јувентус се последните двајца патници во Лигата на шампионите како преставници на италијанската Серија А. Минатогодишниот шампион Јувентус, славеше убедливо на гостувањето кај Болоња со 4:1 и го искористи неверојатниот „кикс“ на Наполи кој одигра само 1:1 против Верона и со тоа остана на 5. место на табелата.

Милан дојде до посакуваните три бода на тешкото гостување кај Аталанта со два гола од белата точка кои беа дело на Кеси. Со оваа победа, Милан заврши на вицешампионското место, со бод предност пред Аталанта и Јувентус кои се на 3. и 4. позиција.

Во битката за место во европските купови, Рома успеа да дојде до посакуваниот бод на гости кај Специја (2:2) и со тоа да го освои 7. место на табелата пред Сасуоло.

СЕРИЈА А – РЕЗУЛТАТИ:

Аталанта – Милан 0:2

Болоња – Јувентус 1:4

Сасуоло – Лацио 2:0

Специја – Рома 2:2

Наполи – Верона 1:1

Торино – Беневенто 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноТотално разочарување: Арсенал за првпат по 1995 година остана без место во европските купови
СледноПСЖ симнат од тронот: Лил по точно 10 години повторно е шампион на Франција! (ВИДЕО)