Хаос, лудило синоќа во Белград. По се она што се случуваше синоќа на прославата на фановите на Ц. Звезда, на која дојде до жестока тепачка по која имаше дури и повеќе од 130 лица уапсени, се огласи и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин. Тој ги посети местата каде што се случија инцидентите и притоа изјави:
“Ова веќе нема да се толерира, ова веќе нема никогаш да се случи. Ова е ѓубре кое не избрука сите, градот, Ц. Звезда, прославата. Не заслужува ништо друго освен да биде жестоко казнето“ потенцираше Вулин.
Инаку до самата тепачка дојде кога фановите на Ц. Звезда ја прославува титулата со “Бал на Вода“. Но следувало кршење на инвентар во т.н. “Бетон Хала“, нападнале инспектори и обезбедување, мислеле дека тоа се навивачи на Партизан. Дошло до немили сцени, а потоа Полицијата интервенирала и ги смирила страстите.