По четвртипат во својата историја, фудбалерите на Лил се шампиони на Франција. Во одлучувачкиот меч од последното 38. коло, Лил успеа да слави на гостувањето кај Анжер со 2:1 и со тоа сам да ја реши судбината во битката со ПСЖ за шампионскиот трофеј.
Бодовната предност која Лил ја имаше пред ова коло од еден бод, на крајот беше доволна за тимот по пауза од точно 10 години да се врати на шампионскиот трон во Франција. ПСЖ јалово обезбеди победа на гости кај Брест од 2:0, па остана само втор на табелата за комплетно разочарување сезонава.
Монако извлече бод на гости кај ленс и го потврди местото во квалификациите за ЛШ, додека екипите на Лион и Олимпик (М) ќе играат во Лигата на Европа.
Во битката за опстанок, Нант дозволи да загуби дома во клучниот меч од Монпелје со 2:1 и сега ќе мора да игра бараж за опстанок.