Симеоне во историјата на Атлетико: се нареди до легендите Замора и Херера

235

Атлетико Мадрид по 11. пат е шампион на Шпанија, а тренерот Диего „Чоло“ Симеоне им ја обезбеди на „јорганџиите“ втората титула, едната во 2014 година, а втората вечерва во 2021 година. Симеоне е само третиот менаџер на Атлетико кој по два пати ја освојувале Ла Лига. Пред него тоа го направија Хеленио Херера во 1950 и 1951 и Рикардо Замора во 1940 и 1941 година.

А Симеоне со Атлетико досега „собра“ осум пехари и е најтрофеен тренер на „јорганџиите“. Освен двете титули во Ла Лига ја освојуваше Лига Европа (2012 и 2018), Суперкупот на УЕФА (2012 и 2018), Купот на Шпанија (2013) и Суперкупот на Шпанија (2014).

Уште еден интересен факт. Откако Симеоне е на клупата, Атлетико ниту една сезона не завршил надвор од топ3 во Ла Лига.

Атлетико сака да му понуди нов договор на аргентинскиот стратег до 2023 година.

ПретходноЕдно е сигурно: Во следната сезона ќе имаме најмалку три Ел Класика!
СледноВарди го купува популарното „Чиквеченто“ од серијата „The Inbetweeners“