Тотално разочарување: Арсенал за првпат по 1995 година остана без место во европските купови

226

Очајната сезона за Арсенал заврши со пласман на осмата позиција на табелата во англискиот шампионат што автоматски значеше дека клубот ќе остане без право на настап во европските купови.

Тимот предводен од Микел Артета заостана само еден бод зад Тотенхем, кој денеска однесе победа на гости кај Лестер, и со тоа му го зема 7. место на Арсенал кое води во новото натпреварување – Конференциска лига на УЕФА.

Така, Арсенал не се пласираше на ниту едно европско натпреварување за првпат по многу долго време. Последен пат ова се случи во 1995 година.

ПретходноФиладелфија тргна со победа над Вашингтон во НБА плеј-офот
СледноНаполи без Елмас се лузерите во Серија А, Јуве и Милан одат во ЛШ (ВИДЕО)