Традиционално најпрестижната трка во Формула 1 шампионатот, Монте Карло, годинава му припадна на Макс Ферстапен. Тој заврши како прв на оваа трка која и годинава беше преполна со гламур и врвни елементи, и покрај проблемите со пандемијата.Второто место му припадна на Карлос Саинц, а третопласиран заврши Ландо Норис.
Голем плус уште на стартот за Ферспатен беше тоа што освојувачот на пол позицијата на оваа трка од вчера Шарл Леклер воопшто не стартуваше поради проблеми со болидот.
Од друга страна лошиот ден за Луис Хамилтон го искористи токму победникот Ферстапен кој сега е лидер во генералниот пласман.