Кошаркарите на Филаделфија ја изборија првата победа на стартот од плеј-офот во НБА лигата, откако вечерва на домашен терен во улога на фаворит славеа над Вашингтон со 125:118.
Најдобриот тим на Источната конференција имаше денови за одмор, додека Визардс преку два меча во плеј-ин делот дојдоа до плејофот.
По неизвесниот тек на првиот дел, Филаделфија конечно успеа да стигне до својата игра на крајот од третиот период и да се „одлепи“ на плус 8, што подоцна можеби беше и клучно за победата.
Тобијас Харис со рекордни за себе 37 поени во плејофот, плус 6 скока и 2 асистенции беше лидер кај 76-ките. Од друга страна, најдобар беше Бредли Бил со 33 поени.
Филаделфија ќе биде домаќин и на вториот натпревар, а серијата потоа ќе се пресели во главниот град на САД.