Македонскиот интернационалец и репрезентативец Никола Ѓорѓев со својот тим Грасхоперс избори пласман во првата лига на Швајцарија сезонава.
Откако издомонира во втората по ранг конкуренција, еден од најтрофејните клубови во оваа земја се враќа онаму каде што му е местото. Во елитата.
Па така, ништо чудно што дел од фудбалерите на Грасхоперс се најдоа во тимот на сезоната во оваа конкуренција, а меѓу нив е и Никола Ѓорѓев.
Тој сезонава одигра 36. мечеви за тимот и постигна седум гола. Тоа е учинок кој го вбројува меѓу најдобрите во моментов, па напаѓачот може да се гордее што играше клучна улога во враќањето во прва лига.