Foto>Twitter/Gameiro
Шпанскиот прволигаш Валенсија објави дека од клубот ќе си заминат петмина фудбалери во текот на летото. „Лилјаците“ имаа лоша сезона во која го освоија 13-тото место што значи дека останаа без излез во Европа, а немаа успех ниту во Купот на кралот.
Разочарувачката сезона мора да заборави, а раководството да направи добар план како во новата. Валенсија оствари 10 победи и 13 нерешени резултати, а и 15 порази.
Раководството веќе објави дека летоска заминуаат централниот бек Елаким Мангала и напаѓачот Кевин Гамеиро чии договори завршуваат и нема да бидат продолжени. Мангала дојде од Манчестер Сити како слободен играч во 2019 година откако претходно имаше слаби настапи и за Сити и за Евертон каде играше како позајмен.
Гамеиро исто така има слаб ефект. Иако најчесто беше резерва, но неговиот ефект сезонава беше 27 меча и само четири гола што е премалку за напаѓач.
Покрај нив заминуваат уште и дефанзивецот Феро, играчот од средниот ред Кристијан Олива и напаѓачот Патрик Кутроне. Тројцата играа како позајмени и се враќаат во своите клубови. Олива во Каљари, Кутроне во Вулверхемптон и Феро во Бенфика.