Е.Пелистер 2 до прва плеј-оф радост, стружани ослабени во Битола

47

Ракометарите на Е.Пелистер 2 ја запишаа првата победа во плеј-офот, откако на домашен терен ја совлада Струга со убедливи 31-17 во рамките на 11. коло.

Стружани не беа рамноправен противник на оваа средба, бидејќи настапија во ослабен состав, без странските засилувања. Сето ова битолчани максимално го искористија, по првото полувреме поведоа со 14-8, до крајот без проблем го приведоа мечот.

Димитриоски со шест гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Крстаноски и Савевски имаа по четири погодоци.

ПретходноМакедонија четврта на „Трофеј Белград 2021“
СледноТери: „Целта ми е да станам менаџер на Челзи, а никогаш не би работел во Тотенхем“