Дали Езџијан Алиоски денеска ги одигра својот последен меч за Лидс Јунајтед? Ако може да им се верува на медиумите во Турција, веројатно, зошто тој веќе е играч на Галатасарај.
Сепак да почекаме.
Инаку факт е дека нашиот Џани е еден од омилените фудбалери во Лидс, посебно кај помладите. Па така денеска по завршување на мечот со ВБА, младо девојче со транспарент го “замоли“ македонскиот репрезентативец да и го подари дресот.
Секако дека Џани го стори тоа…