Лазаров одмараше, Нант растураше

208

Победничкиот поход на Нант во францускиот шампионат продолжува. Тимот за кого настапува Кирил Лазаров го запиша седмиот триумф во низа, откако на домашен терен го совлада Лимож со убедливи 39-22.

Нант повеќе од еден месец е без пораз во домашното првенство, со скор од 19 победи, три ремија и четири порази го држи третото место на табелата на четири кола до крајот.

Лазаров на овој натпревар одмараше, беше во составот на Нант, но не влезе во игра. Влаеро Ривера со шест гола од исто толку обиди беше прв стрелец, Нилсен имаше 13 интервенции.

Од нашите интернационалци денеска играше Филип Кузмановски, но неговиот Хановер беше минимално совладан од Минден на гости со 28-27. Македонскиот репрезентативец имаше еден гол од два обиди.

ПретходноМенди се повреди, Кепа на негово место, ќе биде ли подготвен за финалето во ЛШ!?
СледноМешаница од Аеродром: Андрејевиќ го нокаутираше Дамјан (ВИДЕО)