Магдебург е победник во германското финале во Европската лига. Овој тим сосема заслужено се закити со петтиот трофеј во ова натпреварување, беше подобар противник до Фуксе Берлин во текот на целиот меч. На крајот славеше со 28-25 за круна на одличната сезона во Европската лига.
Добрата игра во првото полувреме на крајот се покажа како клучна, ракометарите на Магдебург имаа предност од седум гола (15-8), на стартот на вториот период истата изнедуваше 18-10. Тимот на Фуксе Берлин за кого настапуваат екс-вардарците Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ се обиде да се врати по одморот, но без успех, двапати дојде на два гола негатива (25-23 и 27-25).
Магнусон и Хорнке со по седум погодоци беа први стрелци кај шампионот, на другата страна Марсениќ запиша три гола, додека Милосављев немаше свој ден, запиша само седум интервенции. Кај Магдебург, Грин имаше 17 одбрани.