Важни бодови за Прилеп и КЛ7 и кикс на лидерот Тиквеш против Радовиш во 11. коло во плеј-аут лигата.
Прилеп направи уште еден голем чекор кон опстанокот во Супер-лигата. Избраниците на Горан Кузманоски на гостувањето кај Јуниор К.В славеа со убедливи 32-38.
Ракометарите на прилепскиот тим уште на стартот го наметнаа своето темпо, поведоа со 3-7, на одморот имаа позитива од 12-17. Во продолжение продолжија во ист ритам, најголемата предност беше девет гола (21-30).
Чантурија и Шокоски беа лидери кај победникот со по седум гола, кај домаќинот, Трајковски запиша осум гола.
Голден Арт КЛ7 ја оправда фаворитската улога против Младост славеше со 28-32 и со новите три бода, се изедначи со Прилеп, кој има 21 бод и се наоѓа на второто место на табелата.
Гостите до триумфот дојдоа благодарение на добрата игра во второто полувреме, претходно имаа негатива од еден гол (15-14). Караиванов имаше девет гола кај Младот, додека на другата страна Темелковски постигна 10 погодоци.
Тиквеш и Радовиш одиграа неизвесен натпревар кој заврши без победник (25-25). Гостите имаа минимално водство од 14-15, откако беа подобар противник во првото полувреме. Но, по одморот се промени сликата, домаќинот фати залет, имаше и предност од три гола 24-21. Радовиш со серија од 1-4 успеа да се избори за бод.
По 11. коло, Тиквеш има 25 бода, зад него се Прилеп и КЛ7 со 21, додека Радовиш има 19.