Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја посвети титулата на сите навиачи кои беа со клубот во тешкиот период. Неговиот тим го победи Ваљадолид по пресврт со 2-1 и со 86 бода го остави зад себе градскиот ривал Реал.
„Цело време се смеам, не знам зошто, но се смеам. Среќен сум за многу луѓе. Ова беше тешка година. Имаме пријатели, членови на семејствата и навивачи кои починаа. Не само во Атлетико туку и во останатите тимови. Мислам дека титулата е навистина нешто посебно. Мислам дека успеавме да донесеме радост на многумина во вакви тешки времиња“, изјави Симеоне.
Тренерот на Атлетико со две титули во Ла Лига, една во Купот на Кралот, две во Суперлигата на Шпанија, две во Лига Европа и две УЕФА Суперкупот, постана најтрофејниот стратег во историјата на својот тим,
„Допринесот на играчите беше голем, би сакал да им се заблагодарам на сите. Пред се на оние кои играа помалку, а беа вистински членови на овој тим во секоја момент“, додаде 52-годишниот Аргентинец.
ФОТО: Атлетико Мадрид/Твитер