Најголемата грешка на Барселона и најдобрата работа на Атлетико Мадрид, секако дека тоа е Луис Суарез. Избркан од “Камп Ноу“ со игрите и головите во дресот на “јорганџиите“ покажа дека е екстра класа. Тој беше еден од најзаслужните за титулата на Атлетико сезонава.
Дали останува на “Ванда Метрополитано“?
Уругваецот имат договор до 2022 година и ако некој го сака ќе мора да плати отштета.
“И во следната сезона дефинитивно ќе го носам дресот на Атлетико Мадрид“ изјави Суарез.
Значи се е јасно.