Очајната сезона за Арсенал заврши со пласман на осмата позиција на табелата во англискиот шампионат што автоматски значеше дека клубот ќе остане без право на настап во европските купови.
Тимот предводен од Микел Артета заостана само еден бод зад Тотенхем, кој денеска однесе победа на гости кај Лестер, и со тоа му го зема 7. место на Арсенал кое води во новото натпреварување – Конференциска лига на УЕФА.
Така, Арсенал не се пласираше на ниту едно европско натпреварување за првпат по многу долго време. Последен пат ова се случи во 1995 година.