Крвава прослава синоќа на улиците на Мадрид. Имено откако Атлетико Мадрид и официјално стана шампиона во Ла Лига, голем број фанови на овој клуб искочија на улиците на главниот град да прослават. И кога има неконтролирана радост, се случуваат и трагедии.
Тинејџер кој имал само 14 години, ја извадил главата од прозорецот на комбето во кое се возел, при што удрил во ѕид. Страшно.
Лекарите се обиделе да го спасат, но сепак морале да констатираат смрт. Инаку момчето било во комбе со своите браќа и роднини.
Вистинска трагедија.
„Атлетико Мадрид се чувствува скршен по вестите за смртта на младиот навивач на Атлетико. Ја испраќаме својата љубов до неговото семејство. Почивај во мир“, порачаа од клубот.
Инаку, „јорганџиите“ дојдоа до 11. титулата во клупската историја, до која стигнаа заслужено, во текот на целата сезона беа најдобриот тим и најдолго го држеа првото место.
Atlético de Madrid is devastated to learn of the death of a young Atleti fan. We’d like to send all our love to his family. Rest in peace.
— LALIGA CHAMPIONS 🔴⚪️🏆 (@atletienglish) May 22, 2021