Ферстапен е победник во Монте Карло

133

Традиционално најпрестижната трка во Формула 1 шампионатот, Монте Карло, годинава му припадна на Макс Ферстапен. Тој заврши како прв на оваа трка која и годинава беше преполна со гламур и врвни елементи, и покрај проблемите со пандемијата.Второто место му припадна на Карлос Саинц, а третопласиран заврши Ландо Норис.

Голем плус уште на стартот за Ферспатен беше тоа што освојувачот на пол позицијата на оваа трка од вчера Шарл Леклер воопшто не стартуваше поради проблеми со болидот.

Од друга страна лошиот ден за Луис Хамилтон го искористи токму победникот Ферстапен кој сега е лидер во генералниот пласман.

 

 

ПретходноЃорѓев во тимот на сезоната во Швајцарската втора лига
СледноГвардиола: Ако некогаш работам како тренер во Италија, ќе го земам Баџо за асистент