Стојковиќ: Слободно силувајте ме ако не го освоиме купот

652

Утре со почеток од 19:00 часот во Белград на стадионот Рајки Митиќ се игра финалето од овогодинешниот Куп на Србија, а во него се среќаваат Црвена Звезда и Партизан.

Како што е и вообичаено, пред секој дуел на овие два тим има мноштво интересни изјави во јавноста, а никогаш не изостанува и една од страна на Владимир Стојковиќ.
Сите ја знаеме историјата на голманот на Партизан кој своевремено беше дел од Црвена Звезда, па премина кај лутиот ривал, а нормално тоа „Делиите“ никогаш не му го простија.

„Мислам дека моите соиграчи не треба да чувствуваат притисок. Многу направија сезонава, и да сме во други околности титулата во шампионатот ќе треба да е наша. Но и купот не е лошо да се освои. Јас сум најодговорен доколку не го сториме тоа, силувајте ме слободно. На мене е целата одговорност. Дај боже да има пенали, го освојуваме купот сигурно, но мислам дека ќе се реши се во регуларниот дел“ – изјави искусниот чувар на мрежата.

 

ПретходноОсвојувачката од 2018-тата се повлече од Ролан Гарос
СледноМулумбу си замина без прашање, во Килмарнок одушевени