Вчерашниот ден беше многу важен во Серија А. Се играше последното коло се одлучуваше кој ќе замине во Лигата на Шампионите. Кандидати беа Јувентус и Наполи, Јуве беше посреќен. Пoбеди во Болоња со 1:4, а Наполи кој што мораше истото да го стори на гостувањето кај Верона одигра само 1:1.
По мечот, тренерот на Верона, хрватот Иван Јуриќ и тоа како знаеше да возврати на новинарските атаци, зошто баш на овој меч Верона одигра така мотивирано и борбено, иако за неа мечот немаше никакви значење.
„Сето ова е едно големо с…е. Уште на самиот старт провокација. Не можете така да се однесувате спремна Верона и нејзините фудбалери. Мора да не почитувате многу повеќе. Погледнете ги сите мечеви на тимот во текот на целата сезона и ќе се уверите за што зборувам“ – изјави Јуриќ.